50 години Светска галерија на карикатури и Остен Биенале на цртеж

Оваа година е посебна за Остен уметност на хартија, година на голем јубилеј на една од главните активности – 50 години Светска галерија на карикатури. Истовремено, успешно заврши процесот на пријавување, селекција и жирирање на редовното издание на Остен биенале на цртеж Скопје 2018.

По повод одбележувањето на 50 години Светска галерија на карикатури и Остен Биеналето на цртеж Скопје 2018 централниот настан на Остен уметност на хартија ќе се одржи на 22 ноември во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје.
За време на централниот настан ќе се одржи ретроспективна изложба „50 години Светска галерија и карикатури (1969-2019)", изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од Остен Биеналето на цртеж Скопје 2018 и врачување на награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на ОСТЕН уметност на хартија.
Настанот е под покровителство на претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата.
На отворањето ќе дојдат уметници и карикатуристи од целиот свет, па топло препорачуваме да ја искористите можноста за интервјуа и изјави од гостите, што би било на обострано задоволство.

За промоција на активностите, Остен планира богата програма од изложби, церемонија на доделување на награди и признанија, промоција на публикации од издавачката дејност на Остен и премиера на документарен филм. Официјалната програма ќе се одвива од 13 септември до 13 декември 2018 во галерија Остен, во Национална галерија на Македонија – Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје.

50 години Светска галерија на карикатури Скопје 2018 (1969 – 2019)

Светската галерија на карикатиру е основана од прогресивната меѓународна заедница на 6-те Средби на солидарност во Скопје во 1969 година. Со тоа Скопје стана важна референтна точка на оваа дејност на мапата на светот. Фактот што голем број најзначајни македонски карикатуристи, уметници, писатели и општествени дејци биле вклучени во развојот на Светската галерија на карикатури (Блаже Конески – кум на името, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Василије Цицо Поповиќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Дарко Марковиќ, Владо Јоциќ, Дукан Јелен, Ефтим Проевски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Мице Јанкуловски...) претставува голема обврска, но и мотив одбележувањето на годишнината да се организира најдостоинствено. Со цел 50 годишнината од Светската галерија на карикатури да биде трајно забележана во културниот и општествениот живот на нашата и меѓународната заедница, ОСТЕН ќе организира документарна изложба, ќе издаде публикација и ќе продуцира документарен филм “50 години Светска галерија на карикатури (1969 – 2019).

 Остен биенале на цртеж Скопје 2018

Остен биеналето на цртеж секое наредно издание е се поуспешно, за што говорат и бројките: на овогодишното издание, на Остен биенале на цртеж Скопје 2018 пристигнаа пријави од 868 автори од 61 земји од светот со 2317 пристигнати дела.

Освен според бројот на учесниците, Остен биеналето на цртеж зазема сѐ позначајна позиција во светот на уметноста преку соработката со исклучително значајни уметници. Во прилог на тоа говори фактот дека главните награди на Биеналето се доделени на:

Пјер СУЛАЖ, Франција – Гран при за животно остварување

Хенри МУР, Обединето кралство – Награда Светско културно наследство 

Селекција и жирирање

Огромниот интерес за учество на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016 бараше посебно професионален пристап при процесот на селекција, па тој се одвиваше во две фази: селекција (селектор) и жирирање (меѓународно жири).

Селекторот Лука КУРЧИ, Италија се погрижи за селектирањето на делата (270 автори) кои ќе бидат претставени во каталогот на Остен Биеналето на цртеж Скопје 2018 и ќе бидат изложени на изложбата на Биеналето во Националната галерија на Македонија – Чифте амам.

А, во процесот на жирирање меѓународното жири во состав:

Манос СТЕФАНИДИС, Грција – професор на државниот универзитет во Атина и куратор на Националната галерија на Грција

Соња АБАЏИЕВА, Македонија – историчар на уметност, куратор и критичар

Мелани ЗЕФЕРИНО, Обединето кралство / Италија – теоретичар и куратор со крос-дисциплинарна заднина, куратор на Биеналето на современа уметност Фиренца... издвоија уметници/дела со најголеми и најоригинални уметнички достигнувања. 

Официјална програма на Остен уметност на хартија ќе се одвива од 13 септември – 13 декември 2018 

Централниот настан ќе се одржи на 22 ноември во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од 270 меѓународни уметници, доделување награди на уметниците кои ќе бидат присутни на настанот, документарна изложба “50 години Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување на признанија на партнери и соработници на Светската галерија на карикатури Биеналето на цртеж.

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе