20 рацинови портрети во ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид

Во Охрид, во ОУ „Кочо Рацин”, со ликовната постановка од 20 рацинови портрети, заокружена е културната иницијатива 80 години „Бели Мугри” од Кочо Рацин.

 Познатиот ликовен уметник од градот на Рацин, Ангел Петров, Фондацијата „Ангеп Петров”, заедно со општините Велес и Охрид, и ОУ „Кочо Рацин” во   Охрид, им ја направија честа, токму овде, со ликовната постановка од 20 рацинови портрети, да биде заокружува културната иницијатива 80 години „Бели Мугри”од Кочо Рацин.

„Пресреќни сме што сме во Охрид, меѓу овие деца и нивните наставници и раководители, но, исто така, пресреќни сме што оваа ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците. Меѓу другото, за тоа најречито говорат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси - литературен и ликовен“, рече на отворањето на изложбата Светлана Петрова, од  Фондацијата „Ангеп Петров”,

Изложбата, досега беше поставена во повеќе училишта кои го носат рациновото име низ земјата: средното училиште „Кочо Рацин”од Свети Николе, ОУ „Кочо Рацин” од Петровец,  ОУ „Kочо Рацин”од Куманово, ОУ „Кочо Рацин” од село Блатец и  ОУ „Кочо Рацин” од Нов Дојран.

Во културната иницијатива Осумдесет години „Бели Мугри” од Кочо Рацин, учество зедоа повеќе од 3.000 посетители – ученици.

Од нив педесетина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс.

Ликовниот уметник Ангел Петров, минатата година одбележа 60 години ликовно творештво, а досега излагал педесетина пати во земјјата и странство.

Како ученик во средното уметничко училиште во Скопје, кај Мартиноски, Коџоман и Борко Лазески, наградуван е за најталентиран на својата генерација.

Во 1950 година, од професорот Лазар  Личеноски, добил награда за најдобра „мртва природа”.

Носител е на бројни други награди и признанија од инстутуции, а за најдрага ја издвојува Наградата за животно дело Гемиџии на општина Велес.

Во Белград, во класата на Винко Грдан, завршил Академија за применета уметност.

В. М.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе