Ликовна уметност

Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата.

24 Март 2020 - 14:56

Во Москва вчера беше отворена изложба на слики од рускиот уметник Александар Белугин кој првите слики од оваа едиција ги создаде во земјава во 2010 година, инспириран од убавината на природата и гостопримството на народот.

12 Март 2020 - 08:37

На 10 март во Чифте амам ќе биде отворена изложбата на канадскиот уметники графичар Ги Ланжевин. Изложбата се организира во рамки на одбележувањето на деновите на Франкофонијата, а покровители се Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора и Националната галерија на Македонија.

07 Март 2020 - 08:15

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија вечер во 19:00 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ , во Скопје, ќе биде отварена изложбата насловена „ДЛУМ нова генерација на млади“.

06 Март 2020 - 08:11

Утре со почеток во 20 часот во изложбениот простор на НЛБ Галеријата, нашата уметница Илина Арсова ќе се претстави пред домашната публика со нејзината најнова самостојна изложба.

05 Март 2020 - 11:11

Повикот за куратори од Западниот Балкан, кој беше отворен од Британски совет на почетокот од годинава, се затвора во недела на 8 март.

05 Март 2020 - 07:29

На 5 март, по повод празникот 8 Март Националната галерија ќе ја отвори изложбата под наслов „Соблечени, женскиот акт како контекст" во објектот Чифте амам, во 19,30 часот.

28 Февруари 2020 - 13:01

Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на карикатуристот од Бразил, Ерико Жунгуеира Аурес и афористичарот Нинус Несторовиќ од Србија.

19 Февруари 2020 - 21:17

Стрип-центарот на Македонија од Велес јавно реагира до Министерството за култура затоа што меѓу проектите за финансирање не е и годинашниот 18-ти Стрип салон/стрип колонија. Како што информираат од СЦМ-Велес, се работи за единствен стрип настан во нашата држава каде што се остварува  комуникација помеѓу стрип автори од нашата и од други земји.

17 Февруари 2020 - 22:50

Уметнички дела на исламска калиграфија изработени на платно и на хартија од иранскиот автор Мохамад Реза Афшари се изложени од денеска до 24 февруари во Порта Македонија.

17 Февруари 2020 - 22:08

Промоција на новиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло" ќе се одржи вечер во Музејот на современата уметност – Скопје.

13 Февруари 2020 - 10:33

Музеј на град Скопје денеска ќе одбележи седум децении постоење со промоција на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“, изложба и видеопроекција.

12 Февруари 2020 - 08:17

На годинашниот фестивал „Фотоекспо“ во Стразбур, Франција, македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво, за неговата фотомонографија „Егзит“. Преку фотографиите во книгата, авторот го искажува својот став кон животот во современите градови, кој нè води кон отуѓување и укажува на потребата да се излезе од нив, во потрага по нешто подобро, што треба сами или, пак можеби, сите заедно да го откриеме.

08 Февруари 2020 - 12:42

Уметникот Виолета Чаповска е добитник на Гран при наградата на 18-та биенална изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), која официјално вчера беше отворена во Чифте амам. Наградата се состои во двомесечен престој во ателје Париз и ја обезбедува Министерството за култура.

04 Февруари 2020 - 15:21

Во Музејот на Македонија утре ќе биде отворена изложбата „Охрид/поглед од другата страна“. Поставувањето на изложбата е организирано од страна на Центарот за креативни индустрии - НЕБО од Суводол, Демир Хисар, во соработка со Музејот на Македонија, којшто ја поддржува оваа активност со отстапување на изложбениот простор.

04 Февруари 2020 - 06:44

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе