Левица: На партиски кадри е препуштено македонското културно наследство

Државниот завод за ревизија во својот годишен извештај констатира дека состојбата на културното наследство во земјата е повеќе од загрижувачка. Причините за оваа состојба се многубројни: недоволни вложувања од страна на државата, неефикасни и нестручни служби во институциите коишто функционираат без меѓусебна координација – тоа се главните забелешки во извештајот на Државниот завод за ревизија, се вели во соопштението на Левица.

„Резултатот од овие состојби е поразителната состојба на нашето најголемо богатство, почнувајќи од спомениците на културата, археолошките локалитети, цркви, манастири и џамии, па се до состојбата на артефактите во музеите. Со еден збор, идентитетските кодови на една нација. Но, сето ова е резултат од партизираноста на клучните институции за заштита на културното наследство во државата.
Управата за културното наследство ја води Аријан Арсланај, партиски кадар на Алијанса на Албанците, којшто по професија е музичар. Во интервју, Аријан Арсланај објаснуваше дека не е добро со Управата за заштита да раководи лице кое е од струката, како на пример архитект или археолог, туку да биде некој кадар, кој како него ќе биде неутрален и ќе функционира како менаџер на институцијата. Така, музичарот Аријан Арсланај, сега директор и самопрокламиран менаџер, со своите менаџерски способности ќе може непристрастно да раководи со институцијата - Управа за заштита на културното наследство.
Слична е и улогата на Афет Јашари, советник за културно наследство во Министерството за култура, исто така партиски кадар. Афет Јашари во интервју тврдеше дека тој воопшто не е одговорен за тоа какви се состојбите во заштитата на културното наследство во државата.
Надлежните сѐ уште ги заштитуваат спомениците на културата само на хартија. Поради нередовно одржување на објектите кои се под надлежност на културното наследство на Македонија, пропаѓаат куќи и објекти од историско значење. Се крати буџетот за таа намена, а со тоа се уништува недвижното културно наследство, кое е и историско наследство.
Јасно е дека недостасуваат и експерти по оваа проблематика. Конечно треба да се создадат екипи од архитекти, градежни инжењери и реставратори, кои паралелно ќе работат на неколку објекти, со цел да не го изгубиме духовниот печат, кој сега за жал заминува во заборав, а и побрзо да ги надоместиме пропустите и незаинтересираноста на властите изминатите 30 години.
Повеќе од очигледно е дека на партиските кадри како Костадиновска, Арсланај и Јашари воопшто не им е приоритет културното наследство на Македонија. Тие ги исполнуваат партиските агенди во која македонското културното наследство е последно во интересите.
Сѐ додека несоодветни кадри ја водат заштитата на македонското културно наследство, тешко дека ќе ги сочуваме идентитетските маркери и она што предците ни го оставиле во залог при остварувањето на вековниот стремеж за македонска држава“, соопшти Левица.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе