Во Охрид

Летните уметнички ноќи на улица „Самоилова", нова летна културна манифестација

Културната понуда на Охрид летово ќе биде збогатена со манифестацијата Летните уметнички ноќи на улица „Самоилова" што во текот на јули и август ќе се одржува секоја вечер во просториите на Културно информативниот центар „Култура 365".

Заинтересираните уметници можат да се пријават во „Култура 365“, а настанот е осмислен така што секој од нив ќе можат да се претстават со програма и изведба според сопствената замисла.

Иницијатори и организатори на новата културна манифестација се Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Мишо Јузмески, директорот на „Култура 365“.

Културно-информативниот центар „Култура 365“ што во јуни годинава ќе ја прослави осмата година од своето постоење, во своето досегашно дејствување беше домаќин на бројни македонски уметници, но и на творци од Албанија, Романија, Холандија, Словачка, Италија и Црна Гора.

Најновата културна манифестација е во насока на промоцијата на македонски и уметници од други земји, како и збогатување на културниот живот во Охрид со нови уметнички содржини.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе