НА 13 СЕПТЕМВРИ

Културното наследство низ Струмичкото поле, велосипедска прошетка за целата фамилија

На 13 септември низ Струмичкото Поле ќе се одржи велосипедска прошетка наменета за целата фамилија, со посебен акцент на учество на децата.

По успешната организација на велосипедската прошетка „Културното наследство низ Прилепското поле“ во 2014 година, оваа година и Струмичкото поле ќе биде отворено за откривање од страна на велосипедистите. На 13 септември, во Струмичкото поле ќе се одржи еднодневен велосипедски настан кој е наменет за секој.

„Во 2014 година низ Прилепско поле за прв пат организиравме бавен, велосипедски настан на кој имаше 140 учесници, меѓу кои добар дел со своите едноставни градски велосипеди. За во Струмица се спремаме и очекуваме да имаме цели фамилии со деца поради што имаме и лесна, рамна рута.“ изјавува организаторот Бојан Ранташа.

Настанот има за цел да го промовира Струмичкото поле како место за бавен велосипедизам, односно уживање во природата, културата и храната додека се вози велосипед. Од струмичкиот партнер ВК Актив додаваат дека ќе има и висока рута, наменета за поискусни велосипедисти, кои ќе имаат можност да го погледнат полето одозгора и да уживаат во долг спуст по земјен пат.
Настанот ќе има и образовен карактер, па на учесниците ќе им овозможи да се запознаат со културните знаменитости низ Струмичкото поле, меѓу кои: Гробот на Струма, Манастирот Водоча и Манастирот Вељуса. А за пренесување на приказните ќе се погрижат локалните кустоси.
Пријавувањето е во тек. Повеќе информации може да се добијат на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com, преку е-пошта strumickopole@inicijativi.org.mk или од локалниот партнер ВК Актив: Димитар Манишев 070-214680.
Настанот е поддржан од општина Струмица, општина Василево, Агрофруктус-Струмица, Грозд-Струмица, Комплекс Цареви Кули-Струмица, Стефано 97- Скопје и Сити Бајк-Струмица.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе