Културните работници бараат колективен договор и поголеми плати, Министерството за култура ги поддржува (ФОТО)

Во организација на Синдикатот на културата (СКРМ) денеска пред Владата на Македонија се одржа протестен марш со кој културните работници бараат нов колективен договор во културата. Тие велат дека овој протестен марш е последно предупредување пред најавениот штрајк.

 

Културните работници бараат регулирање на работните односи во културата и потсетуваат дека последниот колективен договор бил потпишан пред 14 години.

„Нема правична валоризациjа на трудот во сите дејности, нема прецизни критериуми за безбедност и здравје при работа, нема додатоци од плата, теренски и службени дневници“, велат синдикалците.

Рокот до 30 септември за финализирање на колективниот договор што го даде СКРМ, а Министерството го прифати, веќе е пробиен.

„Со овој марш алармираме дека ако колективниот договор биде изоставен во Буџетот за следната година, штрајкот ќе биде активиран. Тоа би значело откажување, доцнење со почеток на претстави и концерти, непримање посетители во музеите, престанок на работа во делот на заштитата на културното наследство“, велат од СКРМ.

Министерството за култура соопшти дека ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања и посветено, заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК подолго од една година работи на подготвување на нормативните услови за донесување на модерни законски акти кои во што пократок временски период ќе овозможат остварувања на барањата на синдикалните организации.

„Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата е услов за подготовка на Колективниот договор. Предлог-законот е во завршна фаза, и работната група ги внесува забелешките доставени преку ЕНЕР и од страна на надлежните органи, како последна фаза, пред да го предаде текстот во Владата на усвојување.

Укажуваме дека Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата и Предлог-текстот на Колективниот договор, во Министерството за култура се подготвени уште од минатата година, но се чекаше усогласување со новите измени  на прописите за јавна администрација, кои сега се достапни на јавноста.

Со оглед на тоа дека е утврден концептот на новиот закон, во Министерството за култура засилено и посветено работи со работната група за подготовка на Колективниот договор за културата, во која се вклучени членови на СКРМ и на СОНК. Со КД се очекува, покрај другите прашања од областа на работните односи, да се надминат и присутните проблеми во утврдувањето на платите на вработените во установите во културата. Со КД, заедно со синдикатите ќе се елиминира дисбалансот  на платите помеѓу одделни дејности и ќе бидат утврдени објективни коефициенти за висната на платите во културата.

Се очекува во наредниот период, Колективниот договор да биде ставен на јавна расправа по основните организации на синдикатите во установите од културата, и дека ќе биде применлив од 1 јануари 2020 година“, соопшти Министерството за култура.

Фото: Роберт Атанасовски

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе