Министерство за култура

Конечно ќе се конзервира иконостасот во прилепската црква „Свето Благовештение“

Ќе почнат активностите за заштита на непроценливо вредниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение". Обезбедени се околу 300 000 денари за почетните активности, реагираа денеска од прилепскиот „Завод и музеј" со прес конференција во црквата пред иконостасот. Ова доаѓа по информациите во јавноста и апелот на црковните власти за конзервација на ова бесценето културно богатство кое може да падне.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и музеј“ точно е дека треба да се конзервира Иконостасот, но тој е оставен во негрижа 20-30 години иако како вработени апелирале да се преземат активности пред досегашните први луѓе на Музејот. Се чека само на решение на Министерството за култура за почетокот на активностите, иако самата конзервација е долг процес.

-Иконостасот е оставен во негрижа веќе 20 години кога беше извршена последната интервенција, фумигацијата. Како вработени во Заводот и музеј им укажувавме на сите претходни директори дека нова интервенција е неопходна. Нашата институција уште лани обезбеди средства со пренамена за итна санација на иконостасот. Но, стручниот тим предводен од Управата за заштита на културното наследство, откако направи детална проценка на состојбата, побараа од нас да се извршат истражувачки работи, како на дрвениот дел, така и на сликаните површини, односно иконите и како резултат на тоа да се изврши конзервација на Иконостасот. Сакаме да ја увериме јавноста дека тој проект е изработен и го очекуваме решението од Министерството за култура за да почнеме со активности. Црковните власти и намесништвото во Прилеп имаа лошо искуство со претходната директорка на прилепскиот Завод и музеј, посебно со овој проблем, па и со Министерството за култура. Во овој момент не може да кажеме за колкава сума станува збор за конзервацијата. Ние почнуваме со првата фаза. Околу 300.000 денари за оваа година се одобрени и ни се доволни за првите активности што треба да ги преземеме. Оштетувањата не се драстични. Тие се 20-30 години. Ситуацијата не е алармантна, уверува Атанасоски.

Отец Благоја Станкоски,  намесник на Прилепската епархија, вели дека изминатите години иако упорно барале, но не наишле на разбирање во Музејот. А опасноста да падне најголемиот иконостас во државата со димензии 16 на седум метри е голема, особено поради истрошените потпорни столбови.

-Секоја година поднесувавме барање и постојано добивавме одговор: сега е доцна, средствата се наменети за други проекти. Или, средствата се мали, имаме поприоритетни зафати. Така се одолговлекуваше повеќе од 20 години. А ние секогаш бевме соочени со реакции и критики на граѓаните. Црвојаднината си го прави своето, се појавува трулеж. Резбата можеби не е толку алармантна, но носечките столбови што го крепат иконостасот се во катастрофална состојба. Не е далеку денот иконостасот со оваа висина и тежина да падне, објаснува отец Станкоски.

Инаку, Иконостасот во прилепската црква „Свето Благовештение“ е ремек дело на зографот Петре Гарката и е направен кога е изградена црквата пред 180 години. Најголем е во Македонија и е трет по нероценетата вредност, по иконостасите во Бигорскиот манастир и во скопската црква „Свети Спас“.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој направи увид на состојбите, битно е да почнат работите на заштитата на ова вредно културно богатство, многу битно за прилепчани.

-Треба да се реставрира и да се конзервира ова монументално дело. Иницијативата за Завод и музеј е за поздравување. Иако како општина немаме надлежност, но се радувам дека се преземаат активности за конзервација и реставрација на овој иконостас, изјави Јованоски.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе