Концерт „Диско треска“ по повод Василица

„Диско треска" („Disco Fever") е гала концертот што по повод празникот Василица ќе биде изведен на 12 и 13 јануари годинава, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови  од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани.

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин е Кире Ѓоревски.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе