На културното меѓународно биенале

Кокан Димушевски добитник на првата награда на „Тактонс”

На седумнаесеттото по ред, културно меѓународно биенале Тактонс, најважниот настан за тон мајсторите од регионот, македонскиот композитор, продуцент и клавијатурист Кокан Димушевски, повторно е добитник на првата награда, во силна конкуренција од преку 120 врвни изведувачи.

Во организација на Радио Телевизизија Војводина, од 6 до 9 ноември, учество зедоа најзначајните РТВ центри од Европа, најдобрите тон мајстори со своите тонски снимки. Кокан Димушевски, за разлика од останатите, го покажа своето повеќедимензионално творештво – не само како тон мајстор, туку и како автор на дело и како изведувач.

Оваа награда за него е петта по ред, односно во изминатите 10 години тој во континуитет е добитник на прва награда или гранд при на ова значајно музичко случување. 

Тактонс, се одржува од 1983 година и на секои две години им овозможува на најуспешните тон мајстори од Европа, професионално вреднување на техничкиот квалитет на звучните записи врз основа на однапред единствено дефинираните субјективни и објективни параметри.

Како најнаградуван продуцент, Димушевски беше поканет да одржи работилница и да ги презентира своите достигнувања на полето на креативната примена на современите технологии во областа на радиото и телевизијата. Успехот на овој сестран музичар го вреднуваа и Би-Би-Си и Радио Франција кои му доделија плакети за неговите заслуги на полето на радиофонското обликување.

Пред престижната награда на Тактонс, оваа година Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ на Кокан Димушевски му ја додели и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев”. Истата претставува највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе