Конечните резултати од годишните конкурси

Кој сѐ доби пари од државата за проекти од културата

Министерството за култура на својата интернет страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година откако пријавите беа повторно разгледани.

„По првично објавените резултати, откако беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите и во согласност со Законот за општа управна постапка, на апликантите им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Од таму додаваат дека повторното разгледување на пријавите било извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.

Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти.

Министерството за култура, се наведува, е отворена институција за сите граѓани, која е во фаза на изготвување на нов закон за остварување на јавниот интерес во културата, за кој досега се одржани две јавни дебати. Со цел во иднина да се избегнат недоразбирањата или недостатоците при јавните конкурси, како и начинот на бодувањето и моделите на финансирање на проектите во културата, културните оператори можат да дадат свој придонес во изготвувањето на нов современ закон за култура со кој овој ресор ќе ги добие сите потребни системски решенија за кои се залага и се во интерес на културната јавност во државата.

До донесување на новиот закон, Министерството за култура со иницијативата „Културата е насловна страница на секое општество“ во чиј состав се повеќе невладини здруженија од областа на културата, формираа работна група која ќе работи на измени и дополнувања на актуелниот закон во делот на моделите за финансирање и на критериумите за оценување, стои во соопштението од Министерство за културa.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе