Книжевност

Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар вечерва од 19,19 часот ќе биде промовирана книгата „Да не бидам покусо" од новинарот Ѕвездан Георгиевски.

07 Јуни 2019 - 07:30

„Македоника литера" го објави романот „Обител" на рускиот писател Захар Прилепин, добитник на неколку книжевни награди, меѓу кои и највисоката руска книжевна награда „Бољшаја книга". Базиран е врз вистински настани и расветлува дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот:

06 Јуни 2019 - 11:14

Со Беседа за Рацин и Меѓународен поетски митинг со учество на поети од балканските земји вечерва во 20.30 часот во салата на театарот во Велес свечено ќе бидат отворени годинашните 56-ти по ред Рацинови средби.

06 Јуни 2019 - 10:52

Во „Рамстор мол" денеска ќе почне летен саем на книга кој трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го организира до 12 јуни.

06 Јуни 2019 - 10:05

Угледниот белградски издавач ,,Архипелаг" ја објави најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров во превод на српски јазик.

06 Јуни 2019 - 07:39

Во Друштвото на писатели на Македонија утре ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети. 

04 Јуни 2019 - 12:09

Годинашен лауреат на највисокото „Рациново признание“ за 2019 година е професорот Венко Андоновски за неговиот роман „Припитомување на кучката – раскази за лудилото“ во издание на „ТРИ“, кое ќе биде доделено на годинашните 56-ти „Рацинови средби“ што на шести и седми јуни ќе се одржат во Велес, градот на поетот и револуционер.

03 Јуни 2019 - 21:30

По повод одбележување на 205 години од делото на големиот книжевник и духовник и прв просветител Јоаким Крчовски во општина Крива Паланка беше промовирана книгата „Јоаким Крчовски во народната и духовната традиција" од авторот Д-р Јордан Михајловски.

24 Мај 2019 - 15:53

Со врачување на наградите за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот на годинашниот и на ланскиот добитник, Алек Попов и Светислав Басара, синоќа беше затворено седмото издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан".

22 Мај 2019 - 19:28

Чествување на Гане Тодоровски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци" – Скопје.

22 Мај 2019 - 08:02

Скопје, 20 мај: Беше еднаш во Скопје! Вака симболично во духот на добро раскажување синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан". Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература.

20 Мај 2019 - 12:18

Одбрани романи во пет тома од академик Божин Павловски, лауреат на меѓународната награда „Арка", се објавени на српски јазик. Станува збор за романите: "Рогот на љубовта", "Градинар, Пустина", "Америка, Америка", "Монахот од Тамнава" и "Убавицата и Мародерот" – во превод на Лилјана Стејиќ и Ристо Василевски и во издание на "Арка".

18 Мај 2019 - 08:56

Во рамки на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019", во Домот на култура „Илинден" во Општина Илинден, се одржа чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски по повод 90-годишнината од нивното раѓање.

16 Мај 2019 - 10:39

„Пред и после прославата на животот на татко ми Горан Стефановски, што се одржа во Дебар Маало на 27 април, добив неколку понуди за интервјуа што за жал не можев да ги прифатам. Но, еве решив дека ако има интерес да кажам нешто за него, тогаш најдобро да го напишам. Некако е најсоодветно“, напиша денеска на Фејсбук Игор, синот на Горан Стефановски.

15 Мај 2019 - 16:34

Во рамки на Меѓународниот саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории.

14 Мај 2019 - 09:50

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе