Книжевност

Охридската и македонската јавност со поетско читање денеска му оддадоа почит на големиот холандски писател и вљубеник во Македонија А. Ден Долард, човекот кој и денес 25 години после неговата смрт се смета за еден од најголемите промотори на Охрид и Македонија во Холандија, но и пошироко низ светот.

07 Февруари 2020 - 19:56

Осмооделенката Дариа Матевски од ПСУ „Јахја Кемал“ и нејзината професорка Антоанета Тримчевиќ учествуваа на фестивалот „Деца поети“, што одна 1 и 2 февруари годинава се одржа во Мостар, Босна и Херцеговина. Фестивалот се организира во чест на поетот Алекса Шантиќ.

07 Февруари 2020 - 09:37

Професор д-р Димитар Пандев: Во солунската гимназија, прличевските воспитаници прераснаа во делчевски востаници.

07 Февруари 2020 - 06:51

Издавачката куќа „Слово" од Скопје, во едицијата „Логос", ја објави книгата „Политичкиот предивик на социјалдемократијата – македонски искуства" од д-р Ѓорѓи Спасов.

27 Јануари 2020 - 08:47

Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината" што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски" во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка" АД, во состав Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски") на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи.

20 Јануари 2020 - 07:25

Tрет, четврти и петти том од книгата-проповеди „Слова за словото“ од неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан беа промовирани во Музејот на македонска борба во Скопје. Книгата е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан изминативе 20 години како поглавар во Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и 33 години како архиереј во епархиите во земјава и дијаспора.

25 Декември 2019 - 07:34

До 15. јануари претстојната година е распишан годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината" која ќе биде доделена по 21-ви пат.

24 Декември 2019 - 09:05

Во Друштвото на писатели на Србија, промовирано е третото издание од едицијата Балкански афоризми насловено „Трагачи по парадокси" од афористичарот Миле Ѓорѓијоски

23 Декември 2019 - 18:27

Синоќа во Струмица беше промовирана најновата стихозборка „Тивко како молитва" на поетесата и новинарка Сузана Мицева, во издание на „Просветно дело". На промоцијата беше кажано дека четвртата стихозбирка на Мицева наликува на циклично патување во внатрешните светови на поетското јас, но таа вели дека се инспирирани од бегалската сага.

21 Декември 2019 - 13:45

Романот „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски деновиве е објавен на руски јазик во Москва од Центарот за книга „Рудомино“ и во превод на Олга Панкина.

20 Декември 2019 - 09:23

Издавачката куќа „Арт&Арт студио Батев" денеска ќе ги промовираше првите четири изданија од едицијата сликовници за деца „Светулка“.

15 Декември 2019 - 16:14

Во издание на реномираната издавачка куќа „У Никитских ворот" од Москва, излезе од печат книгата „Я ни в чем не виноват" (Јас не сум виновен за ништо), од македонскиот карикатурист, хуморист, есеист, сликар и аниматор Тоде Ристо Блажевски од Скопје.

15 Декември 2019 - 11:19

„Везилка 2011“ ја објави најновата книга на словенечкиот филозоф со светска репутација Славој Жижек ,,Да се почне од почеток“.

15 Декември 2019 - 11:09

Книгоиздателството МИ-АН вечер од 19 часот во Дом на културата „Кочо Рацин" (Дом на градежници) ќе промовира „Енциклопедија на македонски имиња" од архимандрит Иринеј Стефановски. Во книгата се опфатени две илјади имиња и за секое е наведено неговото потекло, значење и толкување.

12 Декември 2019 - 08:44

„Очите на воинот“ е нова книга на Тони Ангелески, поранешен припадник на Единиците за посебни задачи на МВР, која е издание на „Тримакс“ и продолжение на неговата претходна книга – „Аманет“.

10 Декември 2019 - 14:41

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе