Антолог

„Жената во кафезот“ е добитник на наградата „Букстар“ за најчитана книга за 2017 година

Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ го најави гостувањето на данскиот писател Јуси Адлер-Олсен, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „Букстар“ (Book Star) за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот.

Јуси Адлер-Олсен

Промоцијата на романот „Жената во кафезот“ на Јуси Адлер-Олсен, издание на „Антолог“, со превод на македонски јазик на Лара Крстева-Ичокаева, ќе се одржи на 02 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб-ресторан. Романот е најчитаниот наслов во книжарниците на „Антолог“ оваа година, а е објавен со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија. Промотор на романот ќе биде режисерката, продуцентка и актерка Лабина Митевска.

Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање...

Истрагата на мистеријата за исчезнувањето на младата политичарка Мерете Лингор е првата задача што ја презема секторот Q, во кој единствени вработени се детективот Карл Морк – кој се враќа на работа по престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен – и сирискиот имигрант Асад. Тие сметаат дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!

„Жената во кафезот“ е одличен почеток на серијалот книги за секторот Q! Веднаш по објавувањето, книгата се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година! Според книгата е снимен и филм.

Јуси Адлер-Олсен е дански автор број 1 чии книги се преведени на 40 јазици и котираат на големите бестселер-листи во светот, меѓу кои и на „Њујорк тајмс“. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации.

На 02 ноември, во 11 часот, во Книжарницата „Антолог“ (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) ќе се одржи и средба, „упанишад“, со Јуси Адлер-Олсен, на која ќе гостуваат неколку влијателни македонски блогери.

Промоцијата на романот „Диссомнии“, најновата книга на македонскиот писател Игор Станојоски, ќе се одржи на 04 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб-ресторанот, известија од „Антолог“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе