Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ на Стефан Марковски издадена и на англиски јазик

Новата книга на Стефан Марковски, збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) деновиве беше објавена на англиски јазик на интернет страницата на  Амазон, каде е достапна во „киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020-та“ беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе