Збирката раскази „Делфинот“ на Прокопиев објавена на словенечки јазик

КУД „Апокалипса“ од Љубљана ја објави на словенечки јазик збирката раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на Александар Прокопиев, преведена од Тим Сенчар.

Писателот, поет и критичар Јуриј Худолин за словенечкото издание на книгата наведува дека  „Делфин“ е збирка раскази во која постмодернистичката интертекстуалност, типична за некои од претходните негови книги, е омекната со интимни засолнувања, приказни што итро се вградени во нарацијата, раскажани со класична тактика на наративност на настани со традиционални нишки.

„Александар Прокопиев (Скопје, 1953) e посебен, интересен писател, кој разгледува најразлични теми, ерудит без ароганција и со интелектуален заплет на текстот. Кога пишува на историски теми и со алузии на познати личности, не ги избира поради одмазда, иако смесата за нив ја прави сам, така што приказната станува оригинална и единствена, полна со безвременски хумор. И токму затоа е автор за сите генерации“, пишува во рецензијата. 

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе