Поетска промоција

Збирката поезија „Еленот слуша виножито“ ќе биде промовирана во МКЦ Клуб-ресторан

Издавачкиот центар „Три“ ќе ја промовира првата збирка поезија на Магдалена Чапаровска, насловена „Еленот слуша виножито“. Настанот ќе се одржи на 07 декември, во МКЦ Клуб-ресторан, со почеток во 19 часот. Промотор ќе биде писателот Стефан Марковски, а стихови ќе чита актерката Владанка Димковска.

Песните во книгата „Еленот слуша виножито“ се плод на решителноста на авторката да се зафати со комплексните и мачни проблеми на современото живеење. Тоа се стихови на млада личност која негува голема страст кон животот, има длабока смисла за детали, поседува префинета интуитивност и сензуалност, а сепак, во заднина прозвучуваат со тон на длабока меланхолија, а на места и иронија. Невозможно е да се остане непроменет по читањето на „Еленот слуша виножито“, велат од „Три“.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе