Во издание на Слово

„За мерилото на вкусот“ од Дејвид Хјум

Деновиве, во познатата едиција Логос, издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави книгата „За мерилото на вкусот“ од Дејвид Хјум, шкотски филозоф и историчар, кој силно влијаел врз англиската и европската филозофска мисла од XVIII век.

Книгата ја приреди и ја преведе нашиот познат естетичар, професорот Иван Џепароски. Освен што е автор на изборот на есеите и на преводот, Џепароски е автор и на обемниот предговор кон изданието во кој зборува за филозофската мисла, а пред сè, во овој случај, за естетичката мисла на Хјум. Исто така книгата е опремена со неопходната литература и белешки.

Земајќи предвид поголем број мислења на одделни филозофи, вклучително и на  историите на естетиката на англиското јазично под­рачје, професорот Џепароски во предговорот истакнува дека „се покажува особеното место на Дејвид Хјум во рамките на естетиката и на историјата на естетиката. Затоа и може со сигурност да се утврди“,  додава Џепароски, „дека шкотскиот филозоф, историчар, еко­но­мист и теоретичар на религијата Дејвид Хјум (1711-1776) е, несомнено, најзначајниот претставник на бри­тан­скиот емпиризам и водечка личност на шкотското и британското просветителство“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе