Врачена наградата „Книжевен жезол" на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите" им ја врачи наградата „Книжевен жезол" на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното" од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен жезол" се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици.

Во својата беседа за добитиците, Ерол Туфан на денешната манифестација посочи дека поетот Аднан најмногу зборува за мигрантите и за вредностите на помалите градови.

„Темата на мигрирање од село во град е тема не само кај поезијата на Аднан, туку и во општата литература во Турција. Она што го одвојува Аднан од другите поети на своја генерација е тоа што тој бил основач на неколку книжевни списанија. Тој пее за населбите полни со мигранти, а и самиот и натаму продолжува да живее во помала општина во Истанбул, иако припаѓа на културната елита во Турција, сепак не ја менува лоокацијата на живеење. Како што и самиот поет вели, само оној кој постојано се дружи со светските поети, само тој може да се надоградува, и дневно учејќи да го збогатува балансот од повеќе зборови во своите песни“, додаде Туфан.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во својот осврт денеска посочи дека Аднан Озер е еден од најпознатите современи турски поети, кој со свој сегашен турски опус и во сегашниот водечки креативен ангажман влог и ракопис сосема заслужено во нашата држава ја доби наградата „Книжевен жезол" во 2022 и „Златен прстен" во 2015 година.

„Во неговата поезија авторот како да прави деминисенција врз свој пат и живот. Со неговиот зрел, оформен и емотивен ракопис, Озер преку лирски и деструктивен курс и дискурс пее за мраморот и животот со многу енергии и нагон и доживеани чувства. Тој во неговата поезија вметнува многи симболи, елементи, детали и најинаси. Се чини и не постојат два така сродни инспиративни и чувствителни симболи, „Островот и мермерот", како што се кај Озер“, рече Петрески.

Според академикот Влада Урошевиќ, првите песни на Гордана Михаилова Бошнакоска веќе ја најавија како посебна личност во мозаикот на македонската поезија. Мозаикот, кој од ден на ден стануваше се побогат и поразновиден.

„Кога се појави Гордана, веднаш почна да се зборува за неа, како за млада девојка која се облекува екстравагантно, но и покрај убавината поседува талент. Нејзините песни се мошне различни од сѐ она што дотогаш беше сметано за поезија, како и нејзина појава“, рече Урошевиќ во својата беседа.

Тој напомена дека со својата поезија, но и својот нагласен начин на настапување во јавноста Гордана беше своевиден украс на нејзиното време, дури и кога за украсите сѐ уште не беше препорачливо да бидат премногу видливи.

На свеченоста денеска исто така беше врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа" на македонскиот поет Стефан Марковски.

Покровители на Манифестацијата се Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре" – Скопје.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе