„Вода за свети Спас“, нова книга на вевчанецот Петре Алулоски

Културно-научната манифестација „Печалбарски денови" од Вевчани на 47 – годишнината од своето постоење ја објави книгата со песни „Вода за свети Спас" од вевчанецот Петре Алулоски.

Во оваа книга се опеани многу настани, од доселувањето во населбата, па сѐ до изградбата на водоводот за манастирот „Св.Спас – Горни“ на планината Јабланица.

Во книгата авторот Алулоски објавува и мал вовед во кој појаснува за што пишува, но и за значењто на пишаниот збор во одбрана на македонството и македонскиот идентитет. Дел од неговите песни се посветени и на познати и признати вевчанци, со што остава трајна поетска трага во животот на оваа позната и надалеку афирмирана населба.

Во подготовката на оваа книга учествуваа и афористичарот Сашо Бетоски, Мишо Китаноски потпишан како уредник на книгата, сликарот Христо Чочороски чија слика во масло од манастирот Свети Спас – Горни е поместена на корицата, Билјана Лотеска, која со својот дизајн се грижеше за убавината на изданието и Ленче Коруноска, библиотекарка во Вевчани.

Промоцијата на книгата „Вода за Свети Спас“ од Петре Алулоски ќе се одржи во средината на септември во духовниот храм „Св.Никола“ во Вевчани, во кој не само авторот, туку и сите потпишани во изданието се крстени.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе