Во Велес почнуваат 56. Рацинови средби

Со Беседа за Рацин и Меѓународен поетски митинг со учество на поети од балканските земји вечерва во 20.30 часот во салата на театарот во Велес свечено ќе бидат отворени годинашните 56-ти по ред Рацинови средби.

Во рамките на манифестацијата, попладнево во 18 часот во чест на Рацин ќе се одржи и велосипедска трка „Возиме за Рацин“, а потоа кај Спомен костурницата, каде што почива Рацин ќе биде положено цвеќе, а добитниците на годинашното Рациново признание за 2019, професорот Венко Андоновски и словенечкиот писател, професор и актуелен амбасадор на Словенија во земјава, Милан Јазбец кој го доби Почесното Рациново признание ќе засадат садници во Шумата за Рацин.

Според најавата, ќе се одржи и традиционалната Почит за Рацин, пред двата споменика на Рацин, во центарот на градот и пред велешката гимназија што го носи неговото име.

Во 19.45  часот во  фоајето на театарот ќе биде отворена историската изложба за Рациновите средби насловена „Споменот на Рацин низ времето“, а потоа ќе биде промовирана книгата „Бели мугри на словенски јазици“ што ја подготви Раде Силјан, а ќе ја промовира професорката Кристина Николова.

На вечерашното свечено отворање  концерт ќе одржи и етно групата „Монистра“. Програмата на 56-те Рацинови средби продолжува утре.

Годинава се одбележуваат точно 80 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели Мугри“ од Рацин на македонски јазик со велешки дијалект во Самобор, во Хрватска во ноември 1939 година, во која има социјални и револуционерни песни, а која е преведена на голем број светски јазици.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе