Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо", потсетува дека е во тек Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо" за 2020 година. Наградата се доделува како исклучително поетско признание за необјавена збирка песни на македонски јазик, а е востановена во чест на современиот македонски поет, академик Анте Поповски.

Основната мисија на оваа награда е популаризација на поетскиот книжевен жанр, поттикнување на младите поети кои творат и се остваруваат на македонски јазик и афирмација и популаризација на нивните дела.

Годинашниот конкурс досега привлече голем број на творци кои го посакуваат признанието што го носи името на великанот на македонската поетска мисла, Анте Поповски. Меѓу оние кои доставиле свои стихозборки, има автори што одамна ја имаат потврдено својата книжевна вредност, авторитет и квалитет и кои многупати биле наградувани или се закитиле со некое еснафско признание, но и талентирани поетски пера, чие што време допрва надоаѓа. Организаторите велат дека меѓу пристигнатите поетски ракописи има и неколку книги од млади автори, кои со оглед на годините освен за наградата „Антево перо"имаат привилегија да бидат во конкуренција и за наградата „Антев часовник", востановена лани за поети до 25 години, со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите наши таленти.

Творците кои во наредниот период имаат намера да учествуваат на Конкурсот за наградата „Антево перо" своите ракописи можат да ги испратат на email адресата: antevopero@gmail.com заклучно со 25-ти август, а за детали околу конкурсните пропозиции и рокови можат да се информираат на фејсбук страницата Антево перо.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе