Во Струга поетско читање во чест на 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 30 години од независноста

Во чест на 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески, вечер пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи поетско читање.

Интерпретацијата под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“ ќе биде во изедба на актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери.

Настанот, како што соопшти организаторот, е дел од прославата на Владата на Македонија, по повод одбележувањето 30 години од независноста. Ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата Блаже Конески-Проста и строга македонска песна.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе