ВО ЧЕСТ НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Во селото Слоештица ќе се одржи осмото „Славење на Пирејот“

На големиот верски празник Голема Богородица, на 28 август со почеток во 18 часот камбаната на црквата Св. Атанасиј, с. Слоештица, ќе ги повика посетителите и почитувачи на Петре М. Андреевски и неговите пораки за истрајноста на македонскиот бит на осмото „Славење на Пирејот".

Манифестацијата се одржува во знакот на 80-годишнината од раѓањето на книжевниот великан Петре М.Андреевски. Честа на „беседење“ за Петре, овојпат им припадна на членовите на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, коишто годинава ја одбраа Слоештица и уметничкото гумно за седиште од кадешто го реализираат својот проект „Патувачко кино“ низ селата од Демирхисарскиот регион.

Во рамките на годинашната програма, на мостот Бела Река, ќе биде откриена и скулптура на нашиот истакнат режисер Владо Цветановски, кој беше еден од идејните татковци на манифестацијата. Автор и донатор на скулптурата е Жарко Башески, соопштија организаторите од „Арт Поинт – Гумно“.

Манифестацијата „Славење на Пирејот“ ќе биде збогатена со уште две изложби и проекција на документарни филмови на „Македокс“.

Програмата ќе почне во 18 часот со „Беседење за Петре М. Андреевски – 80 години од раѓањето на великанот“ пред неговиот гроб на селските гробишта.

Потоа ќе биде отворена изложбата на креации од учениците на ОУ „Гоце Делчев“ од Демир Хисар и ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Жван со наслов „Дивите билки од мојот крај“, а изработени во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата“. Промотор на изложбата ќе биде Наталија Меловска од Македонско еколошко друштво (локација: ОУ „Браќа Миладиновци“).

„Слушајте со очите“ е наслов на изложба/10 години сеќавање за уметникот Мишел Раби. За неговото дело ќе зборуваат Дик Робертс (САД) и Сергеј Андреевски (локација: Арт Поинт – Гумно).

„Мостот Бела Река во македонскиот и светскиот театар“ е насловот на беседата која Јордан Плевнеш ќе ја одржи по повод откривањето на скулптурата на Владо Цветановски.

Проекцијата на документарни филмови во рамките на проектот „Патувачко кино“ на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ средсело ќе започне во 20.30 часот.

Организаторите на манифестацијата потенцираат дека и годинава изостанала поддршката од страна на Министерството за култура на РМ.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе