„Во самракот на мислите“ на бугарската авторка Елка Димитрова преведена на македонски јазик

Излезе од печат поетската книга „Во самракот на мислите" од бугарската авторка Елка Димитрова во издание на Здружението за развој на културата и уметноста ФУСНОТА од Скопје. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Борче Георгиев, а дизајанот на корицата на Мартин Ѓеорѓиевски.

Насловот на книгата е особено интересен: самракот е токму таква средна состојба, во која се губат контурите и границите меѓу реалното и имагинарното, а сетилата, мислите и сеќавањата се преплетуваат со интуициите, визиите, имагинарниот свет и универзумот на соништата. Поетскиот стил се чувствува во зборовите и празнината меѓу меморијата и спиењето, меѓу надежта и верата, меѓу присуството и осаменоста, меѓу свежината на детството и горчината на староста, меѓу животот и смртта. Токму затоа, „Во самракот на мислите“ воопшто не е идилична книга, напротив, ова е збирка од песни каде што старецот и детето се движат рака под рака, но тие се истиот човек и тој човек не чекори на друго место, туку на тротоарот на стравот, покрај смртта во сите нејзини необични улоги – затоа што низ призмата на стравот се кријат сите маски во карневалот наречен живот. Истовремено, ова е книга со молитви, каде што интимно и интуитивно песните се доживуваат како лична верзија на секој од читателите. Спиритуалната трансформација на духот е нè принудува да поминеме низ болка и сеприсутното чувство на распаѓање, со цел да се оддалечиме од нашите стравови на поискрен и вистински начин

Преку песните на Елка Димитрова може многу повеќе да се напише, размисли и почувствува. Како и секоја добра поезија, таа е предмет на различни толкувања и содржи бројни фази на расудување и хоризонти на имагинација. Поезијата е полна со суптилна чувствителност и истовремено со моќно еротско чувство кон самиот живот – кон сопственото нежно и горко, но неповратно јадро, а истовремено со непогрешливо чувство на пукнатини и состојби во кои ништо не е како што изгледа на прв поглед – и токму овие пукнатини и состојби се живеалиштата на поезијата.
Книгата е поддржана од Фондот за национална култура на Република Бугарија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе