Во руското списание „Переводчик” објавена поезија на Матеја Матевски

Деновиве во Москва беше обjавен 20-от броj на списанието „Переводчик”, во кој беше претставена поезиjата на великанот на македонската книжевност Матеја Матевски. 

Ова списание постои во Русија веќе 20 години со цел да ги запознава љубителите на пишаниот збор со најдобрите дела на странски писатели во превод на руски, играјќи ја улогата на „златна“ алка што ги поврзува јазиците, културите и народите на планетава.

Во овој број е претставена поезиjата на великанот на македонската книжевност Матеја Матевски во избор на Олга Панкина, преведувач и познат популаризатор на македонската литература во Русија. Таа напиша и кратка белешка за авторот. За списанието одбра 11 песни на Матевски – неколку стари, добро познати како што „Дождови“ и „Залез“, и неколку од поновите – „Црни бродови“, „Црна кула“, „Некаде sвони“.

Значајно е што песните на македонскиот поет се објавени токму наспроти прославата на Денот на словенската писменост и култура кој нашироко се одбележува во Русија. 

MИА

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе