Во Париз започна меѓународна конференција за македонистика

Во францускиот главен град Париз на Националниот институт за ориентални јазици и култури започна меѓународна конференција за македонистиката како ретка научна дисциплина. Оваа конференција, следи неколку месеци по одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија, со што македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување, соопштија од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

Директорката, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска потсети дека Париз бил значаен образовно-научен центар за македонистиката уште во периодот меѓу двете светски војни.

„Таму, во Институтот за словенски студии работеле професорите Андре Мазон и Андре Вајан кои во периодот меѓу двете светски војни имаат објавено капитални дела за македонските дијалекти. Имено и двајцата биле на Солунскиот фронт за време на Првата светска војна и таму се запознаваат со говорите во Леринско и во Костурско (денес во северна Грција, некогаш во популарната Егејска Македонија). Од тука е нивниот интерес за македонистиката и сознанието дека македонските дијалекти треба да се проучуваат и обработуваат како посебна група", потсети Мојсова-Чепишевска.

Потоа, како што напомена таа, во Париз, ИНАЛКО стана центар на странската македонистика, а Лекторатот во Париз е отворен во академската 1973/74 година и догодина ќе прослави половина век постоење. Денес, во Париз, македонскиот јазик се изучува како главен предмет и македонистиката може да се изучува и се изучува во рамките на сите циклуси академски студии – од лиценца до докторат.

„Имено, во изминатите години се постигнати значајни резултати во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката во Франција, и тоа токму на реномираниот ИНАЛКО и благодарение на упорноста и професионалноста на проф. д-р Фроса Пејовска-Бушро. Се создаваат и нови перспективи за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура, преку вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција.. А оваа меѓународна конференција е и прва од повеќето планирани и во рамките на тој проект, посочи Мојсова-Чепишевска.

На конференцијата доминираат темите за книжевноста, уметноста, книжевниот превод и издаваштвото. Меѓу другото ќе биде проектиран и филмот за ангелот од Курбиново на Роберт Марто, од 1969 година. Покрај тоа и покрај рефератите и научната дискусија, одделно внимание ќе биде посветено на најновите преводи на дела од современата македоонска книжевност на француски јазик – избор од есеистичкото творештво на Горан Стефановски, „Мојот маж" од Румена Бужаровска и „Страв од варвари" од Петар Андоновски. На овој дел од конференцијата ќе учествуваат и преведувачката Марија Бежановска и претставници на издавачките куќи.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе