Во Охрид промоција на монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев" во Охрид, во рамките на годинашниве „Прличеви беседи", утре ќе биде промовирана монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово".

Промоцијата ја организира Општина Охрид, а за монографијата ќе говори проф. д-р. Димитар Пандев. Монографијата е во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации – Скопје, а ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски. Покрај текстуалниот дел богато е илустрирана со фотографии кои хронолошки го претставуваатнејзиниот развој во изминатите три децении.

Манифестацијата претставува антологиски пресек на македонската поезија и сликарство. Во изминатите 30 години на Поетската ноќ во Велестово  беа претставени најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Јован Котески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ристо Василевски… до најмладите, а меѓу  сликарите учесници беа: Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски,Газнафер Бајрам, Владимир Георгиевски, Боро Митриќески, Коле Манев, Сергеј Андреевски, Славко Упевче, Јордан Манасиевски, Стефан Хаџи-Николов, Емил Шулајкоски…

Во монографијата е опфатен антологиски избор со по една песна од досегашните пртеставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.

Бидејќи манифестацијата има и меѓународен карактер, претставен е избор на досегашните поети-странци кои биле учесници, а доаѓале од: Ирска,  Норвешка, Русија, Италија, Албанија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Естонија, Словачка…

Во своето постоење манифестацијата две свои јубилејни изданија (на 25-тиот и на 30-годишниот јубилеј) посвети на поновата македонска поезија  и по тој повод објави книга, а во монографијата се претставени сите со избор од нивната поезија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе