Во издание на „Матица македонска“ издадени Избрани дела на Раде Силјан

Во рамките на јубилејот 30 години од основањето, „Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од писателот Раде Силјан. Изданието го уредија Витомир Митевски, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Весна Мојсова-Чепишевска и Златко Жоглев.

Во првите седум томови се застапени поетските книги на авторот, создадени во изминатите пет децении, а три томови се посветени на критичко-есеистичката дејност на Раде Силјан. Книгите се проследени со толкувања од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Луан Старова, Паскал Гилевски, Гоце Смилевски, Санде Стојчевски, Стефан Влахов-Мицов, Сретен Перовиќ, Думитру М. Јон, Елисавета Касабова, Ефтим Клетников, Миќа Цветиќ, Веле Смилевски, Мирољуб Стојановиќ и Христо Георгиевски.

Делата се илустрирани со цртежи од познатите македонски сликари Васко Ташковски и Павле Кузмановски, а автор на дизајнот на кориците е Методија Николовски-Спартак.

Раде Силјан (Жван, 1950) е автор на 18 стихозбирки, на 11 дела од доменот на критиката и есеистиката и на 15 антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил  триесетина повеќетомни избори од творештвото на врвни македонски писатели, на јубилејни изданија на знаменити дела од нашето книжевно минато, како што се „Зборникот на Миладиновци“, „За македонцките работи“ од Мисирков, „Бели мугри“ од Рацин на сите словенски јазици, монографии и студии за македонскиот фолклор, за македонската народна митологија, за средновековното македонско сликарство и  копаничарство, стотина преводи на светски класици и современи автори од сите меридијани.

Дваесет и шест негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, унгарски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и албански јазик.

Добитник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на книжевните награди „Браќа Миладиновци“ за најдобра книга на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ и „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе