Во Белград промовирана книгата на Ружин „Европската идеја и балканските иконографии“

Во Белград беше промовирана англиската верзија на книгата на професорот Нано Ружин „Европската идеја и балканските иконографии“ во издание на Универзитетот на Обединети нации – Европски центар за мир и развој.

Промотор на книгата беше афирмираниот професор на Сорбона-Парис 1, Жорж Превелакис, кој воедно и амбасадор на Грција во ОЕЦД. Превелакис истакна дека ова е ретко и оргинално дело и прв пример на Балканот и пошироко каде еден автор на езотеричен начин дава објаснувања за вечниот судир помеѓу црикулацијата и иконографијата на Балканот, помеѓу надворешното влијание на европските културни и друг вид вредности и трансформацијата, односно отпорот на балканските иконографии. Особено е интересен делот кој се однесува на судирот на нaцистичката и комунистичката иконографија, иконографија од студената војна, иконографијата на Јосип Броз Тито, но и онаа која се однесува на современиот период на Република Северна Македонија.

Книгата предизвика големо внимание и интерес на присутните со оглед на нејзината оригиналност, содржајност, техничка обработка каде на преку 260 страни авторот прави семиолошка анализа на иконографиите и нивното значење во градењето на идентитетот, но и нивната злоупотреба од страна на демагозите и популистите. Книгата обилува со околу 500 фотографии на разни симболи, знаци, иконографски личности, творби.

На промоцијата присуствуваа добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидед Бушамауи, поранешниот специјалниот координатор на Пактот за стабилност на ЈИЕ Ерхард Бусек, д-р Роберт Савио, Артур Дахл, Мануел Меса, Франциско Роја, академиците Љубиша Адамовиќ, Владо Камбовски и Борис Шмелев, проф. Тихомир Домазет,  амбасадорот Дарко Танасковиќ, д-р Мила Голднер, Џефри Липман, Рикар Пагет, Миодраг Вуковиќ, Силво Деветак, Јозе Куниќ и други.

Промоцијата на книгата се одржа во свечената сала на Општина Белград, а книгата „Европската идеја и балканските иконографии" беше изложена и на Саемот на книги во Белград.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе