На стогодишнината од раѓањето на великанот

Везилка - Блаже Конески

Умник над умниците, грандиозен нотес на македонскиот незаборав, творец на нашата модерна историја, неуморен градител на убавината, највозвишената личност во современата македонска литература, челникот на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале Блаже Конески. Роден на 19 декември 1921, во годината на стогодишниот јубилеј од неговото раѓање, МКД.мк ќе ги објавува неговите песни, кои „секогаш ќе го возбудуваат духот на младите генерации со јасни и длабоки пораки“ (К.Гочкова).

 

Везилка – Блаже Конески

 

Везилке, кажи како да се роди

проста и строга македонска песна

од ова срце што со себе води

разговор ноќен во тревога бесна?

 

- Два конца парај од срцето, драги,

едниот црн е, а другиот црвен,

едниот буди морничави таги,

другиот копнеж и светол и стрвен.

 

Па со нив вези еднолична низа,

песна од копнеж и песна од мака,

ко јас што везам на ленена риза

ракав за бела невестинска рака.

 

Судбинско нешто се плело за века

од двете нишки, два созвучни збора,

едната буди темница што штрека,

другата буди вкрвавена зора.

2.

Везилке, крени наведена лика,

погледај небо во претпладне златно:

се шари таму и чудесна блика

твојата везба на синото платно.

 

За тебе нема ни вечерен запад,

ти - морно око на трепетна срна.

Две бои таму ти горат и капат,

две шарки твои - црвена и црна.

 

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,

и најмил спомен дека ќе ти згасат?

Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,

дните ти минат, прокоби се гласат.

 

- И најмил спомен што в душа ми блеска

се гаси од нив ко цвеќе без боја.

Но ти што ловиш звук на чудна песна,

ти си ја кажа судбината своја.

Објавено

Сабота, Февруари 6, 2021 - 09:03

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе