Венко Андоновски е автор на сценариото за годинашниот „Голем школски час“ во Србија

Писателот Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетани души“ според кој годинава во Србија ќе биде изведен традиционалниот сценски настан „Големиот школски час“. Се работи за државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац, на 21 октомври 1941 година.

Театарскиот настан ќе го режира Јана Маричиќ, а улогите ќе ги толкуваат еминентни српски актери. Како и секоја година, директно ќе се пренесува на Српската телевизија на 21 октомври, кој е прогласен за државен празник. На тој ден, на Големиот школски час, во паркот Шумарице, каде што било извршено стрелањето, присуствуваат повеќе илјади луѓе и државниот врв на Србија.

Драмскиот текст на Андоновски ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори кои пишувале на оваа тема.

Сценарио за „Големиот школски час“ во изминатите 50 години пишувале, меѓу другите,  Душан Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Милован Витезовиќ, Љубивое Ршумовиќ, Мира Алечковиќ, Бранко В. Радичевиќ, Драган Данилов, Видосав Стевановиќ, Оскар Давичо, Јуре Каштелан, Јеврем Брковиќ, Ричард Бернс од Англија, Андреј Базилевски од Русија, Ана Сантоликуидо од Италија…

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе