Венко Андоновски добитник на „Рациновото признание“ за 2019

Годинашен лауреат на највисокото „Рациново признание“ за 2019 година е професорот Венко Андоновски за неговиот роман „Припитомување на кучката – раскази за лудилото“ во издание на „ТРИ“, кое ќе биде доделено на годинашните 56-ти „Рацинови средби“ што на шести и седми јуни ќе се одржат во Велес, градот на поетот и револуционер.

Вака одлучи тричленото жири на манифестацијата, информира на денешната прес-конференција во ДПМ во Скопје претседателот на жирито проф. д-р Мишел Павловски.

Тој појасни дека во потесен избор за ова високо признание биле три книги, меѓу кои и книги од Ивица Челиковиќ и од Калистрат Санџаковски.

– Делото на Андоновски блика од приказичноста на животот. Тој е своевиден трактат за извитопереноста на поимањето на лудилото наспрема нормалното во сите негови нијанси и облици. Андоновски уште еднаш преку исечоците од животите на своите обични ликови ја слика паланечката култура и свест, тема на која Андоновски со задоволство се навраќа, нагласи Павловски.

Во своето обраќање до медиумите добитникот Венко Андоновски потсети дека е почестен што вторпат го добива ова високо признание со името на Рацин кое првпат го доби на почетокот на својата кариера во ноември 1993 година пред 26 години, за романот „Фрески и гротески“.

– Тогаш и сега повторно признанието го добивам за раскази бидејќи расказите влечат кон Велес и има некоја симболика во тоа. „Рациновото признание“ за мене отсекогаш било највисоко признание за проза во земјава поради името на Коста Солев Рацин и најголема чест е еден прозаист да го поврзе ова признание со своето име. Јас доколку сум успеал да се доближам до книжевнината на Рацин јас сум презадоволен и сум пресреќен што повторно сум добитник на оваа највисоко признание, потенцира Андоновски.

Како што соопшти градоначалникот Аце Коцевски и претседател на Организацискиот одбор на средбите што ги организира Општина Велес, добитник на Почесното Рациново признание за 2019 е проф. д-р Милан Јазбец, писател и професор на Универзитетот во Љубљана и актуелен амбасадор на Словенија во нашата земја.

Тој информира дека признанието му се доделува за неговата книжавна и преведувачка дејност на неговите книги од словенечки на македонски јазик, како што е неговото дело „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“, како и превод на други македонски автори на словенечки јазик и обратно.

Рациновото и Почесното Рациново признание ќе бидат врачени на свеченото затворање на „Рациновите средби“ на седми јуни во Велес.

Професорот Људмил Спасов истакна дека е многу значајно што на „Рациновите средби“ од лани се враќа симпозиумот со научни теми за делото на Рацин, на кој порано, како што рече, со свои теми дискутирале познати научници од земјава и странство и биле публикувани во печатена форма.

Градоначалникот Аце Коцевски истакна дека „Рациновите средби“ годинава имаат и јубилеј, 80 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри “ на Рацин во 1939 година во Самобор, Хрватска, на македонски јазик со велешки дијалект во која се содржани 12 социјални и револуционерни песни.

– Целта како Организациски одбор е да им го вратиме стариот сјај на „Рациновите средби“ со право и почит кон големиот Рацин, да бидат една од трите најзначајни културни манифестации во земјава заедно со Охридско културно лето лето и Струшките вечери на поезијата, рече Коцевски.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе