Вечерва во МКЦ промоција на стихозбирката „Ноќни луѓе" од хрватскиот поет Иван Херцег

Книгата „Ноќни луѓе" – избор песни од хрватскиот поет Иван Херцег во препев на Владимир Мартиновски и во издание на „ПНВ Публикации" вечер од 20 часот ќе биде промовирана во бифето на Младинскиот културен центар.

„Поетскиот избор „Ноќни луѓе", во кој се поместени шеесетина песни од неговите седум поетски книги (…) на македонските читатели им овозможува да го откриваат раскошниот поетски свет на Иван Херцег, во кој преку јазикот на поетските слики едновремено се соочуваме со бескрајните (и прилично мрачни и загадочни) пространства на Вселената, но и со неодгатливото во секој од нас“, вели Мартиновски кој ќе го претстави творештвото на Иван Херцег на промоцијата, на која  разговорот ќе го модерира  Јулијана Величковска.

Во најавата за промоцијата се наведува дека Иван Херцег е еден од најистакнатите поети кои во хрватската поезија влегоа во 1990-тите години.  Темелната нишка на неговата еминентно лирска и рефлексивна поезија, досега објавена во повеќе стихозбирки и наградена со неколку книжевни награди, уште од почетокот е неоегзистенцијализмот, кој не е примарно последица на некои трагични општествени случувања, туку е интимен и тивок.

Настанот е дел од нововостановената меѓународна соработка на „ПНВ Публикации" и „Скопскиот поетски фестивал" со Хрватското друштво на писателите (ХДП) и фестивалот „Стихот во регионот" (Stih u regiji) од Загреб.

Иван Херцег (1970, Крапина, Хрватска) е поет, раскажувач и уредник. Дипломирал хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Извршен уредник е на списанието „Поезија", уредник е на Библиотеката „Поезија" на ХДП и организатор на книжевниот фестивал „Стихот во регионот". Живее и работи во Загреб.

Поезија објавува од  1994 година, кога ја објавил првата поетска книга  „Нашите други имиња". Ги објавил и стихозбирките  „Ноќ на асфалтот", „Снимки на земните воздишки", „Ангели во жалост", „Неправилности", „Кога ќе дојде Вавилон", а во печат му е и поетската книга „Нулти живот". Поезијата му е преведена на десетина јазици. Автор е и на збирката кратки раскази „Голи".

Херцег членува во Хрватското друштво на писателите и во Хрватскозагорското книжевно друштво и е добитник  на повеќе книжевни награди. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе