Вечерва во Гевгелија Друштвото на писателите на Македонија одбележува 75 години постоење

На платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија вечерва ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Настанот ќе биде во два дела. Предвидено е излагање за историјатот на ДПМ и актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, по што ќе следи поетско читање од страна на повеќе членови на Друштвото. На настанот ќе се обратат директорот на библиотеката Стефан Марковски, членови на претседателството и членови на Друштвото.

Организатор на настанот е библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Настанот се одржува во склоп на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2022“ под покровителство на Општина Гевгелија.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе