Во „Матица ексклузив"

Вечерва промоција на книгата поезија „Крв и злато“

Промоција на книгата поезија „Крв и злато" од несомнено најголемото книжевно име на Унгарија во 20. век, Ендре Ади, ќе се одржи вечерва во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив".

Изданието е на „Матица македонска“, а се совпаѓа со одбележувањето на стогодишнината од смртта на Ендре Ади, во знак на почит на високите книжевни вредности. Поетската книга „Крв и злато“ содржи избор на стихови од Ендре Ади, на македонски јазик, во препев на македонскиот поет Паскал Гилевски.

Во неговата родна Унгарија годинава се организираат низа чествувања и научни собири, а ќе бидат објавени и критички изданија од богатото творештво на овој автор, со толкувања на врвни познавачи на неговото дело.

Преку длабоките и емотивни пораки, создадени во духот на народната традиција, Ендре Ади воспостави јасни тематски релации, а народниот дух го воздигна на високо рамниште. Како поет на чистата и непосредна чувствителност кон љубовните и социјалните теми, во поезијата ја внесе лирската емотивност и чувствителност и ја афирмира самосвојноста на поетскиот глас“, се наведува за поезијата на унгарскиот поет.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе