Со почеток во 20 часот

В сабота во книжарницата „Буква“ промоција на книгата „Тупаници“ со италијанскиот писател Пјетро Гроси

В сабота, на 27 август, во кафе-книжарницата „Буква“ од 20 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. 

Промоторки на книгата ќе бидат Ирина Талеска и Катерина Сотирова, која воедно и ја преведе книгата на македонски јазик. Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ книгата ја издаде неодамна како 207 издание во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот на книгата и гостувањето на авторот е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ (#CreativeEurope4Books).

Раскажани со штедлив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил - и што значи да се биде човек во овие модерни времиња.

„Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.

Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a сега живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Виареџио“ и „Стрега“. Книгата ги освои наградите „Кокито Монта Д'алба“, „Чиара“, „Фиесоле наративе“ за автори под 40 години, како и наградата „Пистоиа дел Кепо“. Во 2010 година англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Пушкин прес“, беше финалист за наградата за странска литература што ја доделува Индипендент. Истата година авторот ја освои и „Кампиело Јуроп прајз“.

Критика:

„Пјетро Гроси напиша три приказни кои можеби и самите сте сакале да ги напишете“. Ла Република

„Постои повеќе моќ и патос во ова кратко парче безвременска проза отколку во повеќето густо напишани романи“. Даниел Хан, Индипендент

„Неговата страст кон Хемингвеј, Фокнер и Филип Рот може да си види во ова едноставно, прецизно и интензивно пишување“. Ил Џурнале

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе