Во родниот град на Коста Солев Рацин

Утре во Велес започнува програмата на „58. Рацинови средби"

Во Велес, градот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, утре во 10 часот со Меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески", започнува програмата на годинашната манифестација „58. Рацинови средби" која секоја година се одржува во негова чест во организација на Општина Велес. Во тие рамки ќе бидат промовирани научни дела испечатени во периодот меѓу две конференции, а организатори се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", владиниот Совет за македонски јазик и општината.

Попладнето ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес, а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен костурницата од НОВ, каде меѓу останатите борци се и наоѓаат и посмртните останки на Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на Рациновите средби е утревечер во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот" каде Беседа за Рацин ќе одржи проф д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг. Вечерта ќе биде заокружена со Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамблот за народни игри и песни „Танец".

Програмата продолжува во сабота со традционална посета на Спомен куќата на Рацин, каде ќе биде промовирана збирка поезија на млади македонски поети.

Свеченото затворање на „52. Рацинови средби" е во сабота вечер кога ќе бидат претставени портретите на годинашниот добитник на Почесното рациново признание за 2021 Ала Генадјевна Шешкин и на Рациновото признание за 2021 Милован Стефановски и ќе бидат врачени наградите.

Програмата на годинашните "58. Рацинови средби' ќе заврши во недела на 13 јуни со традиционалната посета на местото на погобјето на Рацин во Лопушник кичевско, а во таа чест ќе се одржи и Марш за Рацин.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе