Утре „Ѓурга“ на Саемот на книгата ќе ја промовира новата книга на Никола Груевски

„Искуство за иднина" е насловот на новата книга на Никола Груевски, поранешниот македонски премиер кој доби политички азил во Унгарија. Книгата е во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа", а ќе биде промовирана на Саемот на книгата што почнува утре.

Се работи всушност за објавување на докторскиот труд на Груевски на тема ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“, напиша Груевски на Фејсбук.

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе