„Трпки“ – нова поетска книга на Ристо Лазаров

Во издание на ВиГ Зеница објавена е нова поетска книга на Ристо Лазаров, насловена „Трпки“, која содржи седум циклуси со по седум песни.

Новата, триесет и третата по ред, поетска книга на Ристо Лазаров која уште со насловот („Трпки“) нè втурнува во искушенија и предизвиците што ги живееме, тука, покрај нас и во нас. И ова книга на Лазаров кој во литературната критика веќе е означен и како „поет на македонската транзиција“, ги содржи вообичаените седум циклуси со по седум песни. Насловите на некои од циклусите ја откриваат поетската патека по која нè води Лазаров: „Црв во дабот“, „Сенки“, „Пицерија Ајнштајн“, „Бојадисување“, „Толчник“, истакнуваат од издавачката куќа ВиГ Зеница.

Поетот и главен уредник на ВиГ „Зеница“, Глигор Стојковски својот поговор кон книгата го насловува „Поет на важни вистини“, оценувајќи дека не се весели поетските приказни на Ристо Лазаров.

„Тргнете го повишениот тон во сите негови книги, значи не прифаќајте да ве заведе само шармот на јазичните досетки со кои изобилува и ќе откриете еден сосема поинаков поет – можеби најдлабоко нурнатиот, најдлабоко обеземениот, најцелосно посветениот во нашата живејачка, овде, -во нашава дома, најзагрижениот, најнемилосрдниот и најдоследниот просудувач, безмилосен судија на разните (а)национални, кусогледи, политикантски манифестации што изминативе триесетина години ни се случуваат недозволиво многу. „Трпки“ е книга, која уште еднаш потврдува дека некогашниот бунтовен поет Ристо Лазаров е веќе зрел, смирен и мисловен, поет кој кажува важни вистини, на начин сосема соодветен на богатото товречко и животно искуство: лиричен, рефлексивен и натаму јазично свеж и натаму, сепак – немирен“, заклучува Стојковски.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе