МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ

Тања Попова и Звонко Танески се годинашни добитници на наградата „Гоцева мисла“

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ им се доделува на Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Македонија. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“, а досегашни добитници се Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија) и Даниела Костадиновиќ (Србија).

Гоце Делчев

Наградата „Гоцева мисла“ се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла - „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Тања Попова ја добива оваа награда за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик.

Тања Попова

Звонко Танески, исто така, наградата ја добива за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик. Танески живее и работи во Словачка и неговиот ангажман и придонес во областа на преведувачката дејност е огромен и значаен.

Звонко Танески

Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, која и годинава ќе започне на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, а ќе заврши на 8 март 2016 година.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе