„Светот на Биби од А до Ш“ – најдобро илустрирана книга сликовница помеѓу два саема

Сликовницата „Светот на Биби од А до Ш" ја доби наградата за најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми, која ја додели Здружението на издавачите и книжарите на Република Македонија. Автор на илустрациите на сликовницата е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а автор на текстот е Билјана Црвенковска.

„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од проектот „Светот на Биби“ што „Бибиленд“ го издаде во ноември минатата година.

На 32 страници во боја, во тврд повез, сликовницата го прикажува светот на Биби низ работите што сезнајката ги сака и ги прави дома, на улица, на училиште.

Втората награда во оваа категорија ја доби книгата „Илустрирани приказни од Шекспир“ што ја уредила Ана Иванова, а илустрациите се на Ана Григорјев, во издание на „Просветно дело“ од Скопје. Третата награда ја освои „Среќен роденден“ од Ели Маказлиева. Илустратор е Игор Јовчевски, а изданието е на „Едука мак“ од Скопје. 

За наградите одлучуваше комисијата во состав: Александар Прокопиев, претседател, Иван Џепароски и Лидија Капушевска-Дракулевска, членови.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе