Свечености во Охрид по повод 127. годишнината од смртта на Григор Прличев

Професор д-р Димитар Пандев: Во солунската гимназија, прличевските воспитаници прераснаа во делчевски востаници.

Охриѓани, македонската општествена, научна и особено книжевна заедница, ја одбележаа 127- годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Ставрев Прличев.

Во Библиотеката, која го носи неговото име, се одржа традиционмалната манифестација “Прличеви беседи”, на која, за делото на Прличев говореше професор Д-р Вера Стојчевска  Антиќ, негов доследен проучувач, додека сите присутни, во еден глас и со придружба на виолина и гитара, ја оптпеаа, Прличевата свечена песна, химната на охригани – “1762 – лето”.

Се разбира, на чист македонски литературен јазик, со охридски примеси, заедно со правнуката на Прличев, Олга Прличева, која за оваа прилика допатува од Софија.

„Во светски книжевни рамки е забележливо големото влијание меѓу дела на автори од различни географски провениенции. Во нашиот  случај е мошне значаен периодот  на возобновувањето на Свети Климентовите врски со Григор Прилчев. Двајца охридски автори, кои оставиле неизбришлив печат на своето време, кое и двајцата автори ги поврзува во мозаикот на македонскиот вековен културен просперитет“, рече, мегу другото Стојчевска Антиќ.

Во Спомен куќата на Григор Прличев, во старото градско јадро, свечено е промовирано, капиталното дело „Антологија на ловорот”, од авторите: професор д-р Димитар Пандев и познатиот поет и есеист Славе Ѓорго Димоски.

Антологијата ја издава општина Охрид, во уредништво на професорот Митре Вељаноски и во неа е направен строг репрезентативен избор на есеистички погледи на најеминентни македонски и свтски автори, универзитетски професори, поети и други познавачи на Прличев, за кого Гане Тодоровски ќе напише дека е најдаровитот и најзаслужниот македонски поет до, за време преродбата, и после неа.

Заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески, кој ги поздрави присутните, им врачи признанија на  добитниците на освоените први места од литературниот конкурс, инаку ученички во ЦОУ “Гругор Прличев”, Андреја Савиќ и Марија Вранишкоска.

Поетот и есеист Славе Ѓорго Димоски, поподробно ја објасни структурата на антологискиот избор, задржувајќи се посебно на суперлативите на Прличевите биографи, реминисценциите на неговиот поглед на светот, поемистот Прличев, Прличев како поетски предизвик, како и Прличевите ракописи и приопштувањето, односно помакедончувањето на безвремените ракописи “Сердарот” и “Скендербег”, како и Автобиографијата.

Професор д-р Димитар Пандев, во својата Беседа за Прличев, ја апострофираше познатата мисла на Г.Г.Маркес од “Сто години самотија” : “следбениците ги одбираат претходниците”,како и споменувањето на Македонија во првиот параграф на делото.

Григор Прличев, беседнички им се беше навратил на светите браќа Кирили Методиј, во времето на најмакедонскиот Солун, кога ја срочуваше својата автобиографија во солунската гимназија, а во која беа сјатени ученици од сите краишта на Македонија и од која прличевските воспитаници прераснаа во делчевски востаници.

Пандев за Антологијата рече дека, во науката и творештвото, таа е  македонистичка ретроперспектива на предизвикот на Прличев, додека целта на нивниот ангажман била да се даде поттик на следните генерации, зашто, како што нагласи, без Прличев, без неговите бесмртни кузманкапидановци и гоцеделчевци, сме никој и ништо.

Почитувачите на ликот и делото на Прличев, положија цвеќе на неговиот гроб, како и на бистата пред двете национални установи со неговото име: “Центарот за култура” и “Градската библиотека”.

Григор Прличев е еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Роден е во Охрид во 1830, според едни, односно во1831 година според други податоци, каде и починал на 6-ти февруари 1893 година.

Oваа година се одбележуваат и два јубилеи 190 години од раѓањето на Прличев и 160 години од објавувањето на неговата поема „Сердарот“.

Со оваа поема Григор Прличев на 25 март 1860 година, ја однесе првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и е наречен „Втор Хомер“.

Освен Сердарот, Прличев ја има напишано и „Автобиографијата“ која претставува битен историски документ за состојбата во Македонија за време на Отоманската империја во 19 век.

Веле Митаноски

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе