КНИЖЕВНА ПРОМОЦИЈА

Стихозбирка од Томаж Шаламун ќе биде промовирана во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во „Паркот на Книгите“, на 9 декември (среда) 2015 година, во 18 часот, книгоиздателството „Матица македонска“ во соработка со амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, ќе ја промовира книгата „Моите песни се како светлосни бомби“ од познатиот словенечки поет Томаж Шаламун.

Изборот на песните и препевот од словенечки на македонски јазик го направија  Викторија Блажевска и Соња Должан. За изданието ќе говори проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, а свое обраќање ќе има и амбасадорот Бранко Раковец. Стихови ќе интерпретираат Исток Улчар и Антонио Павловски.

Томаж Шаламун (1941-2014) спаѓа во редот на најистакнатите современи словенечки поети. Автор е на богат творечки опус, високо вреднуван од страна на светската критика. Негови дела се преведени на осумнаесет јазици. Добитник е на најзначајните национални награди во Словенија, како и на престижни светски признанија, меѓу кои и на Златниот венец на Струшките вечери на поезија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе