Средби на поети и писатели на Зларин - од островот на копно, кон островот на море“

Меѓународните книжевни средби „Од островот на копно, кон островот на море" годинава по четврти пат ќе се одржат од 18 до 20 мај на островот Зларин, Хрватска. Во петок таму ќе се дружат, читаат, пишуваат и шетаат група македонски, хрватски, босанскохерцеговски и бугарски писатели.

Оваа манифестација се одржува од 2014 година на Зларин, а во организација на здружението „Македонско-хрватска тангента“ и општина Шибеник.

Во Зларин ќе допатуваат Фросина Пармаковска, амбасадорот Љупчо Арсовски, Калина Малеска, Ѓоко Здравески, бугарскиот писател Петар Денчев, Хрватите Ренато Баретиќ, Динко Шкевин, Едита Влахов, Петар Ивас, Бранко Чегец, Звонко Варошанац, Иван Добра Жирјанин, амбасадорот Златко Крамариќ, а од „репрезентацијата“ на БиХ ќе учествуваат Ивана Лакиќ, Младен Јурковиќ и Емир Имамовиќ Пирке.

„Тргнуваме од антологиската песна на академикот Богомил Ѓузел „Острово на копното“, песна за судбината на Македонија како држава која нема излез на море.  Со своите четири, а сега и пет соседи, Македонија е во постојани тензични односи, па наместо отворање на патиштата, комуникациј, размена, упорно се продуцира амбиент на недоверба и затвореност“, појаснуваат Сашо и Милена Георгиевски за мотивите за организација на овие дружења.

 

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе