Списанието „Современост“ одбележува 70-годишнина од своето постоење

На 17 ноември (среда) во 19:00 часот во Големиот салон на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење.

Јубилејот на списанието „Современост“ годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, а кому годинава му е посветен и тематски број.

На настанот ќе се промовираат скорешни изданија на списанието за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, современиот македонски писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и: Снежана Стојчевска, извршна уредничка, Мишо Китаноски, уредник, Верица Мукоска, уредничка, и Никола Алтиев, уредник.

На настанот ќе се врачи наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски - книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата  книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија.

Настанот ќе го води младата писателка и постдипломка по македонска книжевност Верица Мукоска. На настанот ќе присуствуваат значајни имиња од македонската книжевна сцена кои во изминатите децении укажуваа чест и ги збогатуваа содржините со своите прозни текстови, стихови, драми, есеи, трудови и разговори.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе