„Современост“ ја објави стихозбирката „Тајнописец“ на Верица Мукоска

Стихозбирката „Тајнописец“ на младата писателка Верица Мукоска, е објавена деновиве во издание на „Современост“ – Скопје.

Од рецензијата на стихозбирката напишана од македонскиот писател, историчар на литературата и книжевен критичар – Васил Тоциновски се истакнува дека „уводните стихови извонредно децидно ја наметнуваат атмосферата како стожер во автохтоноста на поетиката на Мукоска во која се бараат и пронаоѓаат одговори на тајните, дилемите и недоумиците во посакуваната ноќ која пламти во несоница.

„Нештата како да се случиле пред сонот/сонувањето, та разбирливо на сите страни владее тишина. Тоа е оној миг кога одненадеж или поточно магично се обединиле времето и просторот. Се актуелизираат темите и мотивите во третиот циклус посветени песни со наслов за размисла Враќање. Поагајќи од зборот како суштина на постоењето, поетесата мудро покажува оти зборот е едно, но една и единствена мера за човекот не се зборовите, туку тој се запишува во колективната меморија со своите дела кои поседуваат трајни етички и естетски вредности. Македонскиот непокор е „Носталгично угаснување“ на Анте Поповски, а во „Антологија на стравовие“ средбата со втемелувачот на современата македонска книжевност Кочо Рацин“, вели Тоциновски.

Верица Мукоска (1999) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности од каде продолжи и втор циклус студии по Македонска книжевност. Првите стихови започнала да ги пишува уште во детските денови, а во 2009 година ја објавила првата стихозбирка за деца „Стихови од срцето на природата“. Романот „Дневникот на длабоките тајни“ е нејзино прво прозно дело, а „Равенка на стравот“ е нејзиниот најнов роман што се промовираше на минатогодишниот Саем на книга. „Тајнописец“ е нејзината најнова стихозбирка во издание на „Современост“ – Скопје. Уредничка е на најстарото списание за литература, култура и уметност „Современост“. Активно соработува со Катедрата за Македонска книжевност и култура каде одржува вежби по неколку предмети. Нејзини текстови и песни се објавувани во македонски и странски литературни списанија.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе