„Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи" на Васко Шутаров

Издавачката куќа „Макавеј" од Скопје ја објави збирката колумни и есеи од современиот македонски политиколог, дипломат и професор, Васко Шутаров со наслов „Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи".

Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентот и промотор на изданието Елка Јачева Улчар, истакна дека пораките кои произлегуваат од колумните и есеите имаат потрајна димензија.

„Читателите на оваа книга претпоставувам нќе ја препознаат остроумната и далекосежна мисла, кон еден свет низ кој само човечноста би ни била мерна единица и мисла водилка за бескомпромисна акција во практиката. Или, како што вели Шутаров, време во кое ќе се сподели најмногу човечност и правичност по глава на жител“, вели Јачева.

Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе