четврток, 18 април 2024

Полскиот претседател приватно се сретна со Трамп во Њујорк

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека за време на својата денешна посета на Њујорк имал приватна средба со поранешниот американски претседател и сегашен претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изборниот штаб на Трамп ги опиша двајцата мажи како „одлични пријатели“, според соопштението за состанокот, во кое се додава дека разговарале за предлогот на Дуда земјите од НАТО да трошат најмалку три отсто од својот БДП за одбрана.

Дуда, чиј мандат истекува во 2025 година, беше еден од меѓународните партнери на Трамп кога тој беше претседател.

„Доналд Трамп ме покани во својот приватен стан, така да се каже. Ова е едноставно приватен состанок во врска со мојот престој овде во Њујорк“, изјави Дуда за новинарите во Њујорк.

Трамп, кому му се суди во Њујорк под обвинение дека го купил молкот на порно актерката Сторми Даниелс, е во тесна трка против актуелниот демократски шеф на државата Џо Бајден пред претседателските избори во ноември.

Многу европски лидери долго време стравуваат дека нов мандат на Трамп може да значи намалување на американската поддршка за Украина, која граничи со Полска, и НАТО алијансата.

„Претседателот Трамп со задоволство се присети на својата посета на Полска во 2017 година и го пофали полскиот народ за цврстата одбрана на сопствениот суверенитет и посветеноста на заштитата на европските граници од какви било закани“, се вели во соопштението од изборниот штаб на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ