Друштво на писатели на Македонија

Со „Книжевен жезол“ се закитија Иван Џепароски и Душан Стојковиќ

Друштвото на писатели на Македонија, кое секоја година го доделува признанието „Книжевен жезол" за поетски опус со исклучителни естетски вредности на еден домашен и на еден странски автор и го чествува нивното творештво во рамки на манифестацијата „Празник на липите", годинава со ова престижно признание ги закити македонскиот поет Иван Џепароски и поетот од Србија Душан Стојковиќ.

Друштвото на писатели на Македонија ги објави биографиите и творечкиот опус на поетите.

Иван (Ивициа) Џепароски е роден во Скопје во 1958 година. Тој е поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на триесет книги, и тоа: на седум поетски книги, на три поетски антологии, на четиринаесет книги од областа на естетиката и на книжевната критика и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец" (1984), „Димитар Митрев" (1993), „Парадигма" (2009) и „Браќа Миладиновци" (2016). Добитник е и на наградата „Григор Прличев" (1993) за поетски превод.

Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Тој е раководител на Институтот по филозофија (2004–2009; 2013–2021), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум, Едмунд Берк итн. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесетина стански јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија, Србија, Романија и Косово. Неговата книга „Македонскиот есеј" е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело" (2018) на албански јазик.

Негови поетски дела се: Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989; Еклоги; Скопје: Македонска книга, 1992; Песни, Скопје: Детска радост, 1998; Волја за мисла, Битола: Микена, 2008; Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012; Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015; Град, Скопје: Ми-Ан, 2020.

Поетски антологии: Убави зборови (избор од современата јужнословенска поезија за деца), Скопје: Детска радост, 1994; (трето изд.) Скопје: Просветно дело, 2018; Антологија на солзите (избор и предговор), Скопје: МакеДокс, 2012; Арката на Ное: Поезија и Animalia (избор и предговор), Струга: СВП, 2019.

Душан Стојковиќ е роден во 1948 година во Белград. Тој е поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, преведувач. Уредник е на списанието „Шамадиски метафори" (Младеновац) и член на редакциите на списанијата „Бдеење" (Сврљиг) и „Нашата трага" (Велика Плана). Академик е на Славјанската книжевна и уметничка академија во Варна. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои и Повелбата на Друштвото на писатели на Србија за животно дело во 2019 година. Автор е на два обемни тома: Поетските стебла на македонската лирика и Македонската проза на српски јазик (2021), и на голем број избори, антологии, прегледи, панорами, критики, есеи. Негови дела се преведени на англиски, шведски, македонски, чешки и италијански јазик. Живее и работи во Младеновац кај Белград (Србија).

Негови поетски дела се: Мало сонце (2004), Смрт/Ковање (избрани песни на српски и македонски јазик, во превод на Ристо Василевски, 2008), Сонувачи (2014), Избрани дела на Душан Стојковиќ: Песни, кратка проза, избрани есеи (2020), а прозни дела се: Сномрак, кафкијади (2006), Соновен речник. Раскази за Сигналот (2007).

И Џепароски и Стојковиќ имаат објавено голем број на трудови, критики, антологии, преводи  на дела...

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе